Оваа куќа е дело на Marlon Blackwell Architects и се наоѓа во еден шумест предел во Северна Каролина.
Овој објект е наменет за работа и чување на мед. Сопствениците се производители на мед па во оваа куќе го вадат медот и го оставаат да отстои.
Карактеристично за овој објект е тоа што целосно е отворен и транспарентен од јужната страна, каде е поставен еден ѕид кој е инспириран од восокот. Ѕидот е застаклен со прекршени стаклени површини со што на самиот ѕид се создаваат мали нишички каде се складираат теглите со мед.
Во внатрешноста на куќата, долж целиот северен ѕид е поставена работна површина, додека останатиот дел служи само како помошен простор.
Кровот на оваа куќа се издига од средината кон краевите, па така овозможува отворање на куќата кон сонцето и прием на поголемо количество на светлина.
Целата куќа е изведена од дрво, па така и носечката конструкција е дрвена, со исклучок на четирите бетонски платна кои се втемелени во земјата и на кои е поставена целата оваа куќа.