Италијанскиот производител на мебел Boffi реализира елегантна кујна, која е комбинација на индустриско производство со занаетчиска работа.
Code Kitchen е нова линија на „кујнски острови“, која е создадена со заедничка работа од страна на архитектонското биро на починатата Заха Хадид и италијанскиот производител на мебел Boffi, кој е основан во далечната 1934 година. Кујната е конструирана од бел коријан, акрилен полимер кој често се користи за изработка на работни површини во кујните.
Клиентите можат да изберат различни завршни обработки на ова „кујнско острово“, па така постои избор на врата од дрво, од мат премаз Ecolak или од сјаен лакиран нерѓосувачки челик, пишува ArchDaily.
Работната површина може да биде изработена од камен или мермер, кои овозможуваат отпорност на влага и топлина па со самото тоа и придонесуваат за трајноста на ова кујнско острово.
https://vimeo.com/212590861