Насловна / Вести / Кудзу, растение кое јаде се пред себе

Кудзу, растение кое јаде се пред себе

Оваа пузавица, роднина на грашокот, 1876. година стигнала во Соединетите Држави од Јапонија за да создаде брза ладовина и да ја стабилизира земјата. Меѓутоа, таа расте многу брзо, дури 30 сантиметри на ден и непредвидливо ги обраснува дрвјата, дури и зградите.

kud2

Под кудзу исчезнале илјадници квадратни километри полиња и шуми во околу 20 држави. Едно ново истражување укажува дека растението може да направи уште поголема штета.

Научниците од Универзитетот Клемсон сметаат дека при освојување на автохтоните растителни екосистеми, како што се шумите во Мисисипи, може да се забрзаат климатските промени, преку осободување јаглерод заробен во земјата. Ослободувањето на јаглерод воглавном се случува во горниот слој на земјата и тој процес се одвива во тек на повеќе децении, вели екологот за коровски растенија Нишант Тарајил.

kud1

Предходните истражувања докажуваат дека кудзу може да ослободува и други стаклени гасови. Најзначајно прашање е дали оваа пузавица може да биде сопрена. Додека производителите на хербициди се трудат да го стигнат ова растение кое прави штета, градинарите секогаш можат да го убијат на стариот начин, ископувајќи ги корењата.

kud3

Еден коментар

  1. Канибал Лектор

    Ползавец, а не „пузавец“.

Испрати коментар

Scroll To Top