Норвешката компанија за мебел Eikund повторно ја произведува столицата Krysset, класично парче норвешки мебел дизајнирано од Fredrik A. Kayser.
Krysset е икона на норвешкиот дизајн со нагласен израз на прекрстени ногарки. Fredrik A. Kayser дипломирал на Националната академија за занаетчиство и уметничка индустрија во 1945 година. Неговиет мебел се карактеризира со елегантен дизајн и чувствителност на материјалите и ретко чувство за пропорција и композиција.
Тој го дизајнирал Krysset додека бил вработен во Rastad & Relling Tegnekontor помеѓу 1952-56 година. Вкрстените ногарки ја обликуваат целокупната структура на столицата, споени се со четири дрвени клинци во зглобовите, што на префинет начин ја нагласуваат конструкцијата, допринесувајќи за убавината на изработката. Потпирачот за грбот е како едро, растегнато парче кожа сошиено за рамката.
Рамката од полно дрво достапна е во низа завршни обработки, вклучувајќи даб со маслен премаз, бел лакиран даб, орев со маслен премаз и црн лакиран даб. Кожниот наслон доаѓа во избор на светли, природни тонови, кафеави и црни бои, додека седиштето со перници може да биде пресвлечено со кожа или разни ткаенини.
Eikund издаде и ограничена верзија на Krysset во соработка со уличниот уметник Martin Whatson, која ја претставува неговата уметност на спреј на рамката на столицата.