Во предградието на холандскиот град Вагенинген е лоцирана една прекрасна градба. Се работи за зградата на Универзитетот, проектирана од студиото BDG Architects. Кружниот облик е применет со цел да се оптимира корисниот простор и да се намалат енергетските загуби преку надворешните ѕидови. Единствениот универзитет во Холандија кој се занимава со екологија е Stoas Vilentum, па токму затоа архитектите се потрудиле на ова единствено здание да му дадат и уникатна форма.
Извор: efikasnost.org