На периферијата на Копенхаген се протега една мошне необична глетка, која во ерата на се поголема урбанизацијата е вистинска мелем за очи. Brondby Haveby е составен од низи на куќи организирани во совршени кругови и опкружени со бујно зеленило, кое им дава приватност на жителите на „град-градина“.
Сцената која делува како да е од друга планета ја забележал фотографот Henry Do, a неговите снимки од оваа бајковита населба, позната и како Brondby Garden City, го обиколија светот.
„За време на посетата на Копенхаген во Данска, наидов на нешто што личи на цивилизација на вонземјани. На мое изненадување, ова е само мал дел на она што се нарекува „градинарска колонија“, простор за градина кој данските граѓани можат да го изнајмат за да одгледуваат растенија. Ако живеете во град јасно е дека просторот е ограничен, па така ова е совршен начин да имате своја градина и да и се вратите на приородата“, вели Do.
Населбата се состои од 26 кружни градини, изградене уште во 60-тите години, а секоја од нив е поделена на шеснаестини и ја сочинуваат 16 приватни плацеви. Вкупно 284 куќи претставуваат мирно место за да се избега од градската бука и загадување.
„Додека се возите со кола, Brondby личи на други зелени населби. Дури откако го користев дронот и го подигнав во воздух, мојата перспектива се промени. Погледот на ова место од воздух е воодушевувачки“, открива фотографот.
Идејата за „ град-градина“ е одобрена во 1964. година кога општината Brondby одлучила да додели простор на граѓани заинтересирани да го искусат животот во природа.
Тогаш, Erik Mygind, пејзажен архитект дошол на идеја да креира нетипична форма на населба инспирирана од изгледот на скандинавските села од 19. век, а се со цел за подобро поврзување и интеракција помеѓу жителите.
На сопствениците име е дозволено да живеат шест месеци годишно во кружниот рај, од април до октомври, за да се грижат за своите градини. Централниот дел на кружната градина наменет е за паркинг и место за собирање на жителите на ова кружно зелено градче, каде често се организираат и разни општествени активности.