Насловна / Арт и дизајн / Кршење чинии и јадење грозје за среќа во Новата година

Кршење чинии и јадење грозје за среќа во Новата година

rsz_cinii
Славењето Нова година потекнува уште од предхристијанско време. Луѓето низ вековите создале свој специфичен начин на прославување, од што произлегле различни верувања поврзани со среќниот дочек на Новата година.

Во Америка и во Англија на Нова година, кога часовникот ќе чукне 12 часот, луѓето се бакнуваат. Оваа традицијата потекнува од англиски и германски фолклор, кој вели дека првиот бакнеж и средба, го одредува тонот на врската на луѓето во наредните 12 месеци. Страсната прегратка меѓу двајца луѓе значи силна врска во иднина, меѓутоа за оние што нема да бидат бакнати, тоа е несреќен знак за осамена година.

Во Шпанија, пак, постои традиција на јадење грозје за Нова година. Оваа традиција е почитувана повеќе од 100 години. Како што часовникот приближува до 12, повеќето луѓе во Шпанија јадат по едно зрнце грозје. Оваа традиција датира од 1895 година кога лозарите виделе шанса да го претворат грозјето во трајна новогодишна традиција, за да можат да продаваат повеќе буриња грозје.

Паѓањето на топката на Тајмс Сквер е еден од најголемите новогодишни спектакли во светот, кој го следат милиони луѓе. Во 1877 година на зградата Вестерн Унион била додадена топка на врвот која паѓала еднаш во денот. Како што топката паѓала низ јарболот, луѓето од целата област знаеле кога треба да ги ресетираат нивните часовници. Во 1907 година Њујорк ја присвоил оваа „временската топка“ како сопствен начин за поздравување на Новата година, па ја спушта од зградата кога часовникот ќе чукне 12.

Кршењето чинии на новогодишната вечер се смета за голема среќа во Данска. Оваа традиција е популарна и за време на новогодишната ноќ, но и за време на венчавки. Кога часот ќе чукне 12, луѓето започнуваат да фрлаат чинии на прагот на нивните соседи. Колку повеќе чинии скршат надвор од сопствената куќа, толку повеќе среќа ќе ги следи во Новата година.

Во голем дел од земјите низ светот Новата година се дочекува со многу врева. На Филипините, традиција е Новата година да се пречека со петарди, свирки или што и да било што предизвикува врева, за да ја сопрете лошата среќа. Колку повеќе огномет имате и ги вонземирувате вашите соседи, толку повеќе ќе имате среќа.

Шкотланѓаните имаат свој специфичен начин на славење на Нова година, наречен Хогоманај. Прославата ја наследиле од Викинзите, што можеби и објаснува зошто на Хогоманај во минатото се туркале буриња во пламен надолу по ридот и зошто се удирале луѓето со стапови кои ги чувале од зли духови. Денес, голем дел од традицијата е изгубена и е додаден огномет, со спектакуларни огнени поворки кои можат да се видат на улица. За да се осигурате дека ќе имате година полна со среќа, вашиот дом треба да биде посетен од непозната личност која ќе носи јаглен, виски и црно лепче.

Испрати коментар

Scroll To Top