Насловна / Вести / Кровот на светот полн со ѓубре и фекалии

Кровот на светот полн со ѓубре и фекалии

Од првиот обид за качување на Монт Еверест во 1922 година, на патот кон највисокиот врв на светот биле неколку милиони луѓе, а најголем број позади себе оставиле ѓубре и расипани шатори.

2
Поради ова долината на планината сега изгледа многу различно од она што се прикажува во туристичките реклами.
Монт Еверест со 8.848 метари е највисок врв на светот, а првите обиди за качување датираат од 1922. година.
Првото успешно качување на врвот на планината забележано е во 1953. годинеа, а Едмунд Хилари и Теинзинг Норгеј се првите кои го виделе светот од врвот Еверест.

4
Многу луѓе се качиле на планината после нив, а во девеесетите години на 20. век таа станува една од главните дестинации на сите планинари на светот. Нешто подоцна, годишно на планината имало околу 150.000 луѓе.
Планинарите кои прв пат ја посетуваат планината шокирани се од ѓубрето и старите шатори кои ги има многу во подножјето.

6
Оние кои поминуваат многу време во околината на Еверест, велат дека посетителите не оставаат ѓубре на врвот, туку го буткаат кон дното, бидејќи немаат сила да го носат назад.
Ѓубрето се собира во подножјето на планината. Тука има природни дупки кои се полни со ѓубре од пластика, алуминиум, конзерви, стаклени шишиња, хартија.

3
Уште еден голем проблем се човековите фекалии кои се уфрлаат во дупките, а стигаат до подножјето на планината со лавините.
Се проценува дека годишно на планината останува околу 5.400 килограми човечки измет, но сите кои го посетуваат Еверест имаaт стомачни проблеми поради нефилтрираната вода што ја пијат.

7
Монт Еверест годишно го чистат неколку стотици волонтери, а во таа акција сакаат да се вклучат неколку организации кои планираат да отворат центри за чистење во близина на планината.

Испрати коментар

Scroll To Top