Насловна / Архитектура / Кровни градини за детска игра, проект на студиото Padilla Nicás

Кровни градини за детска игра, проект на студиото Padilla Nicás

Студиото Padilla Nicás Arquitectos го адаптираше покривот на детската болница Грегорио Марањон (дело на архитектот Рафаел Монео во соработка со Хозе  де ла Мата во 2003 година),  во Мадрид, Шпанија, како простор за играње, така што децата кои престојуваат во болницата можат да се социјализираат во  отворен, забавен и функционално поинаков простор од основната функција на објектот, а сепак во допир со надворешноста.

2 1 4 5

На иницијатива на Фондацијата Југатерапија започнува проектот за третман кровната површина  на болницата, претворајќи го во игралиште за хоспитализираните деца да можат да си играат на отворено. Овој колоритен простор има за цел да го подобри секојдневниот живот на децата и нивните семејства, за време на болничкиот престој, олеснувајќи ги меѓусебните средби и забрзувајќи го нивното закрепнување.

Кровната градина на Padilla Nicás Arquitectos обезбедува живописно место, спротивно на општата болничка естетика, безгрижно и неутрално. На кровната градина се сместени криволиниски бетонски наративи со различни форми и димензии кои обезбедуваат игра на светло и сенка и ги рефлектираат боите и текстурите на подлогата, каде што се случуваат игрите.

Градината е поделена на два дела. Првиот од нив, веднаш до улицата О’Донел, содржи мала бина, лулашки, лизгалки, лавиринт и реквизити прилагодени за тинејџерите, како што се урбана опрема за одмор, маса за пинг-понг и фудбал.

Втората област, која е помирна, издолжена и со поглед на градинарскиот плоштад, има голема неправилна маса со две висини, телескоп, фудбал на маса, танграм, кошеви и мал мини-голф на крајот од теренот.

Поврзувајќи ги двата простора, застаклениот коридор, има за цел да им додаде вредност на просторите за игра, правејќи го преминот помеѓу нив попријатен.

Периметарот е формиран од полутранспарента мрежеста ограда која ја обиколува градината, а истовремено овозможува поглед на карактеристичните визури на Мадрид. На овој заграден простор, на покривот на болницата се појавуваат облаци кои може да се видат од улица како сугестивна најава кон градот.

Резултатот од искуственто доживување на просторот е апстрактен и сличен на сон, со способност секое дете да ја проектира својата имагинација и фантазија врз него, наоѓајќи свој простор за игра и забава на отворено, далеку од секојдневието кое го доживува во болницата.

6 5 9 12 13

20

17

23

Испрати коментар

Scroll To Top