Насловна / Архитектура / Кров подигнат над необарокна фасада по проект на прочуените Herzog & de Meuron

Кров подигнат над необарокна фасада по проект на прочуените Herzog & de Meuron

Сместен во градот Брегенц, Австрија, на плоштад во близина на Боденското Езеро или Констанца, Kornmarktplatz е интересен архитектонски објект со свод што се протега над необарокна фасада.

Зградата е широка само осум метри и се наоѓа на местото кое претходно го заземала зграда од 17 век, која изгорела во пожар.

Проектот го потпишува реномираното швајцарско архитектонско биро Herzog & de Meuron, а во лачниот објект формирале стан и мал хотел.

Зачувана е само фасадата на старата зграда

Освен кровниот свод обложен со бел метал, примарна карактеристика на објектот е историската фасада на старата зграда, која е единствениот зачуван елемент од поранешната структура.

„Ѕидовите и лачниот кров се рамномерно обложени, формирајќи бела метална мембрана која е усогласена со постоечката фасада, која ја красат светло сини тонови со бели орнаменти“, објаснуваат од бирото.

Станот е сместен на последните две нивоа од зградата која има вкупно пет ката. Влезот е поставен централно, а на горниот кат оваа зона ги одвојува двовиснските лачни станбени простори.

Од едната страна е дневната соба со поглед на плоштадот и езерото Констанца, додека од другата страна се кујната и трпезаријата со тераса што гледа на планината Пфендер.

„Големите стаклени површини овозможуваат поглед на езерото и низ градските кровови се до гребените на Пфендер, додека станбените простори и хотелските соби се насочени кон потесните страни на зградата“, наведуваат архитектите.

Кружен отвор во кровот

Скалите од дневната соба водат до терасата на кровот, од каде се пружа поглед на околината низ кружен отвор во кровот.

На долниот дел од станбениот простор сместени се три спални соби, канцеларија и бања, како и сауна.

На приземјето на објектот Kornmarktplatz организирани се лобито на хотелот и просторија за настани.

Овој простор може да се подели на зони со подвижни прегради или да остане отворен, со цел да се обезбеди поглед на дворната градина низ целата длабочина на зградата.

Хотелските соби се организирани на првиот и вториот кат, а некои од нив имаат балкони кои се поставени зад фасадата на постојната зграда.

Според зборовите на архитектите од Herzog & de Meuron, оригиналната зграда била адаптирана неколку пати за да се прилагоди на различни функции.

Така, сегашната необарокна фасада потекнува од периодот на почетокот на 20 век, кога објектот функционирал како банка.

Испрати коментар

Scroll To Top