Локалните поборници за животната средина се обидуваат да го направат овој остров со површина од 410 km2, првиот CO2 неутрален остов на Медитеранот. Но, промоцијата на обновливите извори на енергија е поматена од плановите на официјален Загреб за вложување во термоцентралата Plomin C.
Оваа термоцентрала ќе користи увозен јаглен, и ќе биде лоцирана во близина на островот, поточно на полуостровот Истра. Експертите предупредуваат дека на овој начин, освен последиците за животната средина, ќе се зголеми и енергетската зависност на земјата.
Предизвикот пред екологистите е голем: одржливоста е нивниот императив не само во енергетиката туку и во земјоделството. Од друга страна пак, веќе е воведена програма за рециклирање наречена „најдоброто во Хрватска“.
Извор; Deutsche Welle