Насловна / Вести / Крк: Остров пионер во иновации

Крк: Остров пионер во иновации

Хрватскиот остров Крк има бесплатна Wi Fi мрежа, мрежа на електрични полначи, ЛЕД осветлување низ повеќе од половина од територијата, паметни клупи, како и паметни корпи за отпадоци. Не толку одамна, односно во седумдесетите години на минатииот век, работникот од локалното комунално претпријатие еднаш дневно јавајќи на магаре ја проверувал состојбата на резервоарите за вода, бидејќи немало патишта. Денес, контролната соба на ова исто претпријатие изгледа како кокпит на вселенски брод – на екраните во реално време се следи состојбата на водоводот, канализацијата и депонијата. Ниту еден објект на терен веќе нема екипаж.

ostrov_krk1

Предводник на паметни решенија

Покрај тоа што е донесена водоводна мрежа од копното на островот, и вопстоставен е систем за третман на отпадните води, Крк има и софистициран систем за одвојување на отпадот кој е на многу повисоко ниво од просекот во Хрватска. Благодарение на многуте паметни и иновативни решенија првенствено на комуналното претпријатие, Крк денес предничи и како паметен град и како паметен остров.

ostrov_krk4

Соларна централа на депонија

На островот е поставена мрежа на е-полначи за електрични автомобили, а Стратегијата за развој на паметен град Крк 2018-2022 има амбиција Крк да стане првиот енергетски независен и CO2 неутрален остров на Медитеранот.

Санацијата на локалната депонија е изведена во насока на производство на електрична енергија од обновливи извори, па така на депонијата е инсталирана голема соларна централа. Но и отпадот доаѓа на депонијата претходно подготвен. Имено, на Крк се поставени т.н паметни корпи за отпадоци. Тие сами го компримираат отпадот, со што го намалуваат волуменот за седум пати.

Крк има и паметни паркинзи. Градските паркиралишта се покриени со сензори на кој со помош на апликација, во секој момент може да се следат зафатени и слободни места. Така граѓаните однапред знаат дали воопшто им се исплатува да влегуваат со возило во центарот, а ова е особено корисно во екот на туристичката сезона.

ostrov_krk2

ostrov_krk5

Паметни острови

Крк е дел од европската иницијатива Паметни острови, која настојува да реши два основни проблеми заеднички за сите европски острови – иселувањето и енергетската независност. Како најдобри европски примери се споменуваат данските паметни острови  Samso и Bornholm. Samso, на пример,  уште од 2007 година добива 100% од електричната енергија преку ветерници и биомаса, а локалната заедница финансирала изградба на траект на биогас кој исто така се произведува на островот. Bornholm исто така поголем дел од енергијата добива од ветер и биомаса, а во 2008 година го стартувале проектот „Силно зелени острови“ со цел да се создадат нови работни места преку одржлив туризам и поттикнување на развој на локални еколошки производи.

ostrov_krk3

ostrov_krk6

 

Испрати коментар

Scroll To Top