Градежната индустрија се најде на удар во многу земји поради недостаток на градежни материјали, а ниту Австрија не е исклучок. „Короната веќе доведе до раст на цените и проблеми со испораката на материјали, а тој проблем со војната во Украина дополнително се влоши“, порачуваат градежниците. Изолацијата, дрвото и челикот се најпогодени со проблемот на испорака. Тули и бетон има доволно бидејќи Австрија произведува доволно за своите потреби. Од друга страна, земјтата се соочува и со недостаток на работна сила, и тоа како стручна така и помошна.