Насловна / Ентериери / Криволиниски ентериер во работилница за фармерки во Истанбул

Криволиниски ентериер во работилница за фармерки во Истанбул

94670001And12moreAdjust

Овој интересен и иновативен ентериер е дело на архитектонското студио Zemberek Design (Земберек Дизајн) од Турција. Тој е креиран да ги исполни комплексните барања на  истражувачкиот центар на текстилната индустрија за тексас и деним во Истанбул. Основна цел и намера на дизајнот е да воспостави непосредна физичка врска помеѓу персоналот во работилницата, продуктите и материјалите коишто дневно се користат.97480001And14moreAdjust

Набљудувајќи ги традиционалните дизајни на овој тип простории, било забележано дека дури и наједоставните активности како седење, одење, работење и евалуирање на продуктите, дури и на најниско ниво, го лимитираат функционирањето на работилницата. За новиот дизајн, се јавила потреба да се овозможи флексибилност, за едно динамично работење, со пристап до целот волумен, наспроти користење на мал ограничен простор. Првичниот идеен концепт е базиран на создавање на една континуирана платформа чиишто можности можат да се менуваат и прошируваат, наспроти користење на традиционална маса којашто го лимитира просторот и можностите.

92870001And12moreAdjust

„Ние имавме за цел да ги ослободиме варијантите за седење, да овозможиме работа во движење, потпирање, среќавање, лесна комуникација со хангарите, набљудување на материјалите (деним, различни материјали и украсни елементи) од различни далечини и овозможување поглед на сите заедно, за разлика од  традиционалното дефинирање на поединечни места за поединечно дејствување“, објааснуваат од студиото „Земберек Дизајн“.91450001And12moreAdjust

Во оваа насока се создадени различни елевации до 80 см, одделувајќи ги просторите со различни интензитети и истовремено поврзувајќи ги во мултифункционални платформи. Овие елевации се искористени и за вметнување на вградени плакари коишто овозможуваат чисто и минималистичко презентирање на просторот. Додека криволиниската форма во подот и плафонот ја поддржуват насоката на едно динамично и флексибилно работење.90970001And14moreAdjust

„Нашата цел беше да овозможиме полесно фокусирање на одредени продукти со визуелно изложување на помала селекција на материјали. Исто така, креиравме различни висини на нивоа со интересно, природно и вештачко осветлување, кое би го насочило вниманието точно на продуктите“, велат од студиото.91910001And12moreAdjust - Copy

Работилницата во Истанбул го привлекува вниманието на пошироката јавност со неговата исклучителна функционалност и внесување на иновативност во работните процеси. Криволиниските линии во неговата внатрешност даваат една флуидност и магична експресивност во доживувањето, која понатаму се претвора во инспирација за понатамошно творење и создавање.

97300001And8moreAdjust

Испрати коментар

Scroll To Top