Советот на општина Крива Паланка донесе одлука за задолжување на општината со краткорочен заем во земјата во максимален износ до 1.968.000 денари, заради имплементација на проектот „Јавните институции – енергетски ефикасни“.
Заемот кон финансиска институција ќе се реализира по претходно добиено позитивно мислење од Министерството за финансии и Одлука за задолжување од Владата на Република Македонија.
Проектот „Јавните институции – енергетски ефикасни“ е финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, а имплементатор е основното општинско училиште „Илинден“ од Крива Паланка. Со него во Крива Паланка ќе биде изготвена техничка документација за енергетска ефикасност на општинската зграда, на основните и средните училишта, на градинката, Градскиот музеј и општинскиот ученички дом.