Насловна / Вести / Крива Паланка дел од проектот „Електричниот отпад создава можности“

Крива Паланка дел од проектот „Електричниот отпад создава можности“

Krivapalanka

Претставници од општина Крива Паланка од областа на заштита на животната средина, претставници на основните училишта и јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка денеска одржаа средба со претставници на  Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“ на која беа разгледани можностите за соработка за реализација на проектот „Електричниот отпад создава можности“  финансиран од страна на Амбасадата на САД во Скопје.

Проектот ќе се спроведува во период од една година по потпишување на Меморандум за соработка и доставување на соодветна апликација. Во рамки на oвој проект  планирано е да се изработат промотивни материјали, да се спроведат повеќе едукативни  работилници, да се обезбедат и постават соодветни контејнери за одделно собирање на електричен отпад во училиштата и во самото градско подрачје.

Координаторот на еколошките активности при општина Крива Паланка, Бранко Велиновски, истакна дека целта на состанокот е разгледување и создавање можности за подобро спроведување на новите законски обврски за постапување со отпад од електрична и електронска опрема.

– Новите законски одредби за постапување со отпад од електрична и електронска опрема стапија на сила  од први јануари 2015 година, а за запазување на истите и нивно подобро спроведување општината ќе се вклучи во имплементацијата на овој проект, што е од голема важност, особено сега кога општината има неопходна потреба од намалување на отпадот кој треба да завршува на времената локација за депонирање отпад, изјави Велиновски.

Испрати коментар

Scroll To Top