Невладините организации WWF, BidrLife и Friends of Earth објавија видео во кое се снимени одредени животни кои природно живеат во Европа и кои се сериозно загрозени, иако се заштитени со европските прописи од оваа област, кои токму во овој период се ревидираат од страна на Европската комисија. Доколу при оваа ревизија прописите станат полиберални, тогаш на овие животни им се заканува дури и исчезнување.
Во видеото се појавуваат: волк од германските шуми, желка од грчкото крајбрежје, како и европската кафеава мечка од Романија. Активностите на човекот влијаат на бројни подрачја во Европа, што резултира во губење на природните живеалишта но и на видовите.
Според податоците на Европската комисија, 60% од животните како и 77% од нивните живеалишта во Европа се загрозени, и поради тоа е неопходна посебна правна заштита. Во текот на нешто повеќе од еден месец, над 280.000 граѓани во Европа се приклучиле кон акцијата Крик за природата.