DesleeClama е компанија којашто спиењето го третира на сериозно ниво. Или, попрецизно, луѓето од овој бренд имаат за цел да ги спојат дизајнот и технологијата, а на своите клиенти да им понудат најудобно можно спиење. За таа цел, оваа белгиска компанија го дизајнирала Sleeping Tomorrow, еден револуционерен концепт кој треба да претставува основа на креветите на иднината. Овој кревет претставува органски дизајн и врвни технички способности, креативно интегрирани во патентирани ткаенини.
Оптичките влакна и бакарното плетиво се комбинацијата во создавањето на душекот, за да се дојде до совршено чувство на спиење. Во овој кревет е невозможно да ви биде премногу топло или премногу ладно.
Како што самиот менаџер вели, „овој кревет е совршен пример на иновација која брендот DesleeClama ја внесува во индустријата за мебел“. Тој, исто така, рече дека предноста на плетениот материјал е во неговата отворена структура, којашто на дизајнерите им обезбедува дополнителна креативност и интегрална функционалност.