Европската банка за обнова и развој (EBRD), ја продолжува својата посветеност за подобрување на системот на градскиот превоз во Приштина, со обезбедување на кредит до 10 милиони евра во скллоп на програмата „Зелени градови“. Кредитот ќе биде одобрена на приштинското претпријатие за јавен сообраќај и ќе се користи за набавка на 30 автобуси – 24 со норма еуро 6, како и 6 електрични автобуси со сооодветната инфраструктура за нивно полнење. Целта на Приштина е да ги зголеми услугите и да ја подобри доверливоста и ефикасноста на системот за јавен превоз.
Проектот првенствено ќе ја промовира зелената транзиција со ублажување на влијанието градскиот сообраќај врз животната средина и намалување на емисиите на стакленички гасови за 76%. „Промовирањето на зелената економија е еден од нашите стратешки приоритети во Косово. Горди сме што соработуваме со градот Приштина на подобрување на градскиот превоз и значително намалување на загадувањето“, изјавила Susan Goeransson, директорка во EBRD за Infrastructure Europe.