Овие трансформирачки, паметни и исклучително корисни дизајни се совршена мешавина на функционалност и естетика, што ги прави совршени за секој дом.
The Conch
Парче мебел дизајнирано да биде доволно компактно за да се вклопи во секој простор, а сепак доволно удобно за да можете да уживате во вашата омилена книга, „Conch“ на Wei He доаѓа со внатрешно тело од лиена шперплоча и надворешно тело од пена со двојна густина, што му дава еластична и мека структура. Формата на столицата прилагодена е на контурите на телото, овозможувајќи удобно седење, а исто така има и пригодна единица за складирање веднаш под вас, за сè, од книги до перница до други производи. Оваа столица е совршено место за читање.
Orte
Во урбаните домови, честопати треба да се прави компромис за тоа каков мебел би сакале затоа што нема доволно простор за да има посебно парче за секоја функција – во овој случај, Orte на Alessio Romano штеди простор кој би бил потребен за цела полица и огледало со нивно комбинирање во едно парче. Неговата камена основа поддржува ротирачка дрвена рамка со огледало од едната страна и шест скриени полици од другата. Црвената боја го нагласува местото каде е сместено ова парче мебел, а издолжената овална форма го олеснува поставувањето во кој било агол. Може да се користи како комода, полици за книги или работи што треба набрзина да ги земете, а не би сакале да бидат изложени на погледи.
KUR!O
KUR!O на Markus Hofko е награден со Gold A’ Design Award 2019, но оттогаш продолжува да се развива. Основата на полицата која ја менува формата, бесконечно е прилагодлива, нејзината основна мрежа, изработена е од сендвич плочи од дрвени влакна. Резовите во основата длабоки се 20 милиметри, овозможувајќи да се втиснат челични плочи. Челичните плочи доаѓаат во разни бои, додавајќи му на KUR!O уникатно живописна привлечност и се одликуваат со внимателно поставени резови кои овозможуваат поединечните плочи меѓусебно да се вклопуваат. Панелите со дебелина од два милиметри се доволно тешки за да преземат големи оптоварувања, правејќи го KUR!O робустен, и покрај фактот што нема никакво навртување или лепење на деловите.
GATE
Дизајнерот на GATE, Artem Zakharchenko, утврдил дека полиците само повремено ги чуваат и складираат истите предмети во тек на своето времетраење, почесто предметите се менуваат со текот на времето, а и опкружувањето во ќе се сместат се менува, затоа производот треба да биде во можност да се прилагоди на ова. Можноста да се избере каде да бидат поставени полиците е само почеток. „Зоните“ овозможуваат единицата да се користи како гардероба, за складирање на чаши за вино, полици за чевли или дури и мало биро. Ова ниво на прилагодливост ја прави GATE совршена за употреба во домот, како и во комерцијални простори како што се барови и ресторани.