Дворот и градината не секогаш мора да изгледаат еднолично и монотоно, исклучиво со трева и неколку цветчиња. Постојат безброј начини како брзо, лесно и едноставно вашиот двор да го претворите во природен рај. Освен врз цвеќињата, обратете големо внимание на уредување на стазите, декорациите со камен, како и местото каде што ќе седите.
Најпрво, скицираје го домот и контурите на вашиот двор, па заедно со сите тераси, патеки и тревни површини испланирајте го до најситен детал. Размислете и за неколку консултации со стручни лица кои за многу брзо време ќе ја поедностават работата.
Започнете со ситен камен, бетонски плочки или излиен бетон за најголемите стази. Избегнувајте го обработениот, мазен камен затоа што во комбинација со вода не е баш најдобар избор. Секогаш одбирајте природни форми и големини од кои лесно ќе создадете прекрасни мозаици.
Опремете ја терасата со сламена гарнитура за седење и со по некое столче. Пронајдете квалитетен мебел кој нема да се распадне од влага по само едно лето. Додајте некоја штосна масичка која може да ја изработите и самите од вишокот палети или даски на кои сè уште не им најдовте намена.
Додајте воден елемент кој ќе ја разлади атмосферата. Дали ќе купите готова мини-фонтана со необичен облик или пак самите ќе ја изѕидате од природен камен, изборот е ваш.
Мора да запаметите дека бујната зелена трева е почетокот на средениот двор. Секогаш одржувајте ја во најдобар ред, наводнувајте ја кога ќе подзалади и еднаш на барем 7 до 8 недели косете ја.
Измислете некој облик и распоред за ниските цветчиња, некое ќоше за шарен ползавец, поголемите грмушести растенија добро распределете ги за да не ги покриваат помалите цветови… Направете целокупен план, па дури тогаш започнете со садење и пресадување. Инвестирајте во неколку годишни растенија, но и не ги заборавајте шарените едногодишни чие семе повторно ќе може да го искористите следното лето.
Доколку имате некој стар предмет кој мислите дека може креативно да го вклопите во целината, обидете се.
Ова се неколку наши идеи како може да го уредите дворот ова лето…