Ако се сметате себеси за страствен љубител кон книгата и читањето, тогаш сигурно ви се случува да имате проблеми каде да ги сместите новите наслови во вашата домашна библиотека.
На тој начин, станува се потешко да се сместат сите книги на соодветни места, а притоа да не се наруши изгледот на просторијата, односно таа да не изгледа неуредно. Со малку напор и креативни идеи, големиот број книги можат да се претворат во дополнителни детали, кои ќе го надополнат секој ентериер.
Ви претставуваме различни дизајнерски варијанти на домашни библиотеки или едноставни полици за книги кои изгледаат многу ефикасно. Архитектите од Farris Studiо, предлагаат големо парче мебел кое во себе вклучува скали, полици за книги и работна површина, додека дизајнерите од студиото Pendo предлагаат современи полици со чисти обрабени линии и со дрвени кутии за книги и цвеќиња. Ако сакате да одите на необична варијанта, тогаш видете ги предлозите на студиото Raw Edges, кои наместо традиционалните полици претставуваат висечки конци и форми.