Мартин Хил е „land art“ уметник кој е познат по својот специфичен однос кон природната средина.
Тој е фасциниран од кружната форма како цикличен процес во природата, па така за него е специфичнa употребата на природни материјали како лисја, гранки или камења од самото место каде треба да се постави инсталација, а потоа ги поставува во полукружен или кружен тек со своевидно пресликување, претежно во водна средина, на тој начин формирајќи го комплетниот круг.
Но, се појавуваат и други концепти на формирање на тој кружен облик. Тој создава многу креативни, графички скулптури, носејќи со нив една сонувачка и мистична атмосфера.