Џордан Ралф има дизајнирано креативна колиба наменета за уметници, на оддалечениот остров Инис Оир во Ирска. Ова необично издание се вика Studio Drop и е наменето за неделно сместување на уметници во периодот од 21 јуни до август.
За да создаде мал, но импресивен објект, Џордан Ралф ја нашол својата инспирација набудувајќи го прекрасниот ирски пејзаж, народната архитектура и гледајќи наназад кон делата на локалните бродоградители. Конусната цилиндрична форма потсетува на кулите од 19 век, додека конструкцијата во ентериерот му дава почит на рибарскиот занает и чамците, вклучувајќи ја и рибарската мрежа во целата приказна. Гледајќи наназад на рибарскиот брод Ловен, Ралф го преработи својот дизајн заснован врз традиционалните градежни техники и го користел како инспирација за овој објект.
Самиот објект е опкружен со дрвени штици обоени во зелена нијанса, што во голема мера помогнало на оваа модерна креација да се вклопи во нејзината околина. Во внатрешноста, Ралф максимално го искористил малиот простор дизајнирајќи кревет во форма на импровизирана лежалка, кој се спушта од таванот до земјата колку што е потребно.
Ентериерот исто така вклучува дрвена клупа што се обвиткува околу него и прозорец што врамува идиличен поглед на море.
Studio Drop е дизајниран како место за работа, одмор и инспирација. Исто така е дизајниран лесно да се транспортира до разни локации.