Дизајнерките за накит, Јана Ацевска и Мимa Пејоска, со цел поттикнување на креативноста во делот на изработката на накит, изготвиле игра за креирање насловена како „Дизајн предизвик“ која што е замисленa со невообичаени ограничувања и правила со цел за пронаоѓање на нови методи, техники и стилови на изработка на накит.
За таа цел, организаторите ги повикуваат сите заинтересирани, без ограничување на искуство и образование, да ги испратат своите апликации најдоцна до 10 ноември преку веб страницата www.designtatamata.com.
Од пристигнатите апликации ќе бидат избрани седум најсоодветни и најкреативни лица, кои ќе добијат по пакет со материјали и алат, за да го создадат своето парче накит, односно нослив објект.
Темата, материјалите и ресурсите остануваат во тајност, се до моментот на избор на седумте најдобри креативци.
Во текот на овој работен период, нивниот процес на размислување, експериментирање и избор на соодветен пристап ќе биде менторирани од страна на дизајнерките на накит, Јана Ацевска /www.kapka.mk/ и Мима Пејоска /www.mima.com.mk/ а воедно и документиран на веб страницата www.designtatamata.com.
На крајот, сите дела ќе бидат презентирани во „online галеријата“, но и на галериска изложба, кадешто и официјално ќе заврши играта.
Секој од избраните учесници ќе добие паричен надоместок за својата креација, и можност да го продаде делото на горенаведената галериска изложба.