Насловна / Ентериери / Креативен спој на неутралните бои и графичката уметност во современ ентериер

Креативен спој на неутралните бои и графичката уметност во современ ентериер

Модерниот ентериер на апартманот што се наоѓа во Стокхолм е проектиран од страна на дизајнерот за внатрешно уредување Duc Jimmi од дизајнерското студио Talenti Design. Специфично за овој ентериер е тоа што ги содржи аспектите на скандинавскиот дизајн, а тоа се функционалноста, природните материјали и креативната употреба на силни бои.

стан-1

Просторијата за дневен престој иако не е голема по својата површина, правилниот распоред на елементите и боите овозможува просторот да функционира беспрекорно. Тука се застапени најчесто пастелни бои со доминација на теписонот во риги и графичката уметност на ѕидовите. Дополнителна свежина на просторот му дава контрастот од портокаловата боја на фотелјите.

стан-2

стан-3

Кујната е целосно бела, а од мебелот застапени се познатите столчиња на Eames. Над трепезариската маса висат два лустери во црна боја, надополнети со црните рамки на сликите поставени над неа.

стан-9

стан-11

Останатите простории од апартманот се одликуваат со едноставност и комфорност. Во спалната просторија доминира црна, бела, сива и портокалова боја. Во детската соба застапена е розовата боја на дел од мебелот и прекривките. Ѕидовите се во бела боја со цел просторијата визуелно да изгледа поголема и да се надомести за количеството светлина што не е доволно овозможено преку малите отвори.

стан-12

стан-13

стан-15

стан-16

стан-4

стан-5

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top