Ентериерите со мала површина секогаш им даваат посебен предизвик на дизајнерите. Овој пример е доста интересен за нас и токму поради тоа ви го презентираме.
Дали во еден мал простор е забрането да се употребуваат повеќе бои? Овој мал стан не се плаши да користи теми во кои се искористени повеќе свежи бои на речиси сите елементи во него. Удобните ретро нијанси на секој квадратен сантиметар се употребуваат во вид на портокалови, жолти и зелени зеленчуци. Секој тон во овој простор си носи своја живост во дишењето на овој и така рестриктивен простор во основа.
Сите елементи се компактни и мали, но сепак доволни да ги опслужат своите корисници. Единствено кујната е физички одвоена од дневната соба, но само со стаклена заеса, па визуелно тие повторно се споени и се добива чувство на поголем простор од оној со кој овој стан впрочем и располага.
Во дневната соба е сместена и маса за работа, покрај вообичаените елементи како софа (со интересни перничиња во боја), телевизор, ТВ комода и интересни табуретки во вид на тикви.