Светлите и свежи тонови не треба да не плашат. Немаме потреба од ограничување на светлите тонови на жолта и зелена само во двориштата, тие слободно може да се вдомат и во ентериерите, со што ќе влеат голема доза на свежина, радост и ведрина во рамките на домот.
Во овој дом, главниот станбен дел е прилично елегантен со природни тонови и долги и ниски линии на мебелот. Свежината во овој дом ја вдахнуваат интензивната жолта боја на фотелјата и јаките бои на уметничките слики на ѕидот.
Освен големата доза на елеганција и отменост, со што се одликува овој дом, дозата на хумористичност во просторот ја надополнува и големата светилка во вид на коњ, која е поставена во домот и го надополнува неговиот модерен и шик изглед.