Насловна / Вести / Краток водич низ контроверзниот концепт на петнаесетминутни градови

Краток водич низ контроверзниот концепт на петнаесетминутни градови

Додека се поголем број светски метрополи размислуваат за негово спроведување, теоретичарите на заговор веруваат дека концептот е дел од поширок план за ограничување на движењето.

Концептот наречен 15-минутен град беше претставен на јавноста пред осум години со цел да се подобри урбаното искуство и да се поттикне учеството на заедницата во процесот на планирање.

Бидејќи кај нас не се знае многу за овој урбан концепт, ќе ве запознаеме со неговите основни постулати, начинот на кој се применува и контроверзите поврзани со него.

м3

Што се 15-минутни градови?

Петнаесетминутниот град е концепт на урбанистичко планирање кој, како што сугерира името, има за цел да создаде заедници каде луѓето ќе можат да пристапат до клучните содржини патувајќи не повеќе од 15 минути со велосипед или пеш.

Овој концепт го поттикнува развојот на градови со повеќе центри, со мноштво канцеларии, продавници, ресторани и забавни содржини организирани на локално ниво, со што се намалува потребата за возење. Овој план се спроведува преку политички и урбанистички интервенции.

Со намалување на зависноста од моторни возила и поттикнување на активен начин на патување, би се постигнала целта да се помогне за намалување на емисиите на јаглерод, воздухот би бил помалку загаден, а здравјето на луѓето би се подобрило.

Кој го измислил 15-минутниот град?

Иако многу од идеите содржани во концептот 15-минутен град постојат подолго време, концептот официјално го креирал француско-колумбискиот урбанист Карлос Морено.

Роден во Колумбија, која ја напуштил во 1979 година од политички причини, Mорено е вонреден професор на Универзитетот Сорбона во Париз од 2017 година, а во 2021 година ја доби наградата Обел за крирање на овој концепт.

м1

Кога е измислен 15 – минутниот концепт?

По пет години истражување, Mорено го претставил концептот на Ville du quart d’heure (четврт-часовен град) на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени во Париз 2015 година.

Овој концепт е популаризиран откако градоначалничката на Париз, Ана Идалго го прифатила во 2019 година, а потоа го користела за време на својата предизборна кампања во 2020 година, во која Moрено беше претставен како научен советник.

м4

Зошто 15 – минутните градови се контроверзни?

Во меѓувреме, овој концепт стана и основа на теорија на заговор која тврди дека 15-минутните градови се дел од поширок план за ограничување на движењето на луѓето.

Теоретичарите на заговор веруваат дека предлогот, меѓу другото, може да се искористи за да се спречат луѓето да патуваат повеќе од 15 минути од своите домови.

Оваа теорија стана популарна во Велика Британија во тек на изминатата година после планот на Градскиот совет на Оксфорд да ги ограничи патувањата на шест сообраќајници во одредени периоди од денот за да се намали метежот.

На овој начин, сметаат теоретичарите, планот ќе ги „заклучи жителите во една од шесте зони“, а околу 2.000 демонстранти излегоа на улиците за да го изразат своето незадоволство против плановите на Советот.

м2

Оваа идеја ја поддржа дури и пратеникот во британскиот парламент, Ник Флечер, кој рече дека мерките „ќе ги одземат личните слободи“, додека во интервју за Dezeen Moрено ова го негираше.

„Велат дека околу нивните куќи ќе има радиус од 15 минути и деку луѓето ќе бидат блокирани внатре во оваа област. Но, во реалноста, кога ова ќе се примени, ние развиваме полицентричен град со многу нови велосипедски патеки, нови пешачки зони, нудејќи многу различни содржини на нашиот град“, рече Морено.

Овој концепт го нападнаа и некои кои веруваат дека има за цел да им го отежне животот на оние кои сакаат да возат моторни возила, бидејќи концептот вклучува поттикнување на пешачење и возење велосипед, во споредба со возење автомобил.

Каде се применува 15 – минутниот концепт на град?

Заедно со Париз, 15 – минутниот концепт на град се разгледува во голем број урбани области низ светот, вклучувајќи ги Буенос Аирес, Ченгду, Мелбурн, Шангај, Хјустон и Едмонтон, меѓу другите.

Глобалната мрежа C40 Cities, која ги обединува градоначалниците на најголемите градови во светот, го промовираше овој концепт како начин урбаните области да се опорават од Ковид-19.

Дали би сакале Скопје да усвои концепт на 15 – минутен град?

Испрати коментар

Scroll To Top