Насловна / Вести / Краток историјат на процесот на производството на литиум

Краток историјат на процесот на производството на литиум

Литиумот е алкален метал кој е најлесен од сите познати метали. Има најмала густина меѓу сите цврсти елементи во стандардни услови. Првото комерцијално производство започнало во 1923 година во Германија. Поради своите добри карактеристики нашол примена во разни сфери а особено во индустријата на батерии, стакло и керамика. Литиумот често се нарекува „бело злато“ за електричните возила. Лесниот метал има клучна улога во катодите кај сите видови литиум – јонски батерии кои ги напојуваат електричните возила. Во текот на 90-тите години од минатиот век, најголем производител на литиум биле САД, но денес ситуацијата е значително сменета. Попрецизно, во 1995 година, во САД се произведува една третина од литиумот глобално. Но, до 2010 година, лидерската позиција ја превзема Чиле, земјата која го поседува едно од најбогатите наоѓалишта на литиумски солени раствори во светот Salar de Atacama.

li1

Глобалното производство на литиум за прв пат надминува 100.000 тони во 2021 година, а речиси 90% доаѓа од три земји – Австралија, Чиле и Кина. Само Австралија произведува 52% од светските количини на литиум. За разлика од Чиле, каде литиумот се екстрахира од солени раствори, австралискиот литиум доаѓа од рудниците. Иако Кина е трет по големина производител нa литиум, оваа земја има водечка улога во синџирите на снабдување. Имено, покрај развојот на домашни рудници, кинеските компании во текот на последната деценија се стекнале со 5,6 милијарди долари литиумски имот во земјите како Чиле, Канада и Австралија. Исто така, Кина е домаќин на 60% од светските капацитети за преработка на литиум кој се користи за производство на батерии.

li2

Освен за батерии, литиумот се користи и за други намени. Имено, пред електричните возила и батериските системи за складирање на енергија да направат бум во потрошувачката на литиум во оваа индустрија, структурата на потрошувачката на овој метал била сосема поинаква. На пример, во 2010 година, керамиката и стаклото имале најголем удел во потрошувачката на литиумот, со 31%. Литиумот исто така се користи и за правење на мазива кои се користат во индустријата и сл. Побарувачката на овој метал е во драматичен раст. Во 2021 година биле произведени вкупно 540.000 тони литиум кабонат. Производството треба тројно да се зголеми до 2025 година, а до 2030 да се зголеми дури шест пати.

li3

 

Испрати коментар

Scroll To Top