Насловна / Вести / Кратери во асфалтот на улиците во центарот на Тетово

Кратери во асфалтот на улиците во центарот на Тетово

Тетово веќе традиционално се бори со голем број проблеми за кои неколку пати веќе сме пишувале и анализирале во нашето списание „Порта3“.

Освен со проблемите со загадувањето на воздухот, кој се смета за проблем број еден, проблемите со сметот и дивите депонии истовремено создаваат и свои последици врз загадувањето на животната средина и воздухот.

1-dupki-vo-tetovo

Исто така, голем проблем во Тетово и во неговото централно градско подрачје е слабата и дотраена инфраструктура. Локалната власт во Тетово веќе со години се занимава само со „замачкување“ на овој проблем со условно кажаната санација на ударните дупки на тетовските улици.

Додека секоја година се трошат огромни количини на асфалт, а со тоа и голема количина на народни пари, за поправање и асфалтирање на дупките по градските сообраќајници, овие санации не издржуваат ниту една година и речиси на истите места, по првиот снег и мраз во градот се отвораат нови дупки.

2-dupki-vo-tetovo

Дали недостасуваат средства за целосно решавање на проблемот со поставување на нов горен слој на сообрќајниците, кој би бил монолитен и не би дозволувал навлегување на вода која при мрзнење го поткопува асфалтот, или пак оваа стратегија е веќе разработена за објава и поделба на тендери за поправка на ударните дупки, навистина останува само дилема, но од сето тоа може да се заклучи дека парите на граѓаните се трошат, а решенијата се краткорочни и на штета на самите граѓани.

Овие фотографии се направени на улицата „Борис Кидрич“, во близина на крстосницата со улицата „Благоја Тоска“ што е речиси во централното градско јадро.

3-dupki-vo-tetovo

4-dupki-vo-tetovo

5-dupki-vo-tetovo

Испрати коментар

Scroll To Top