Насловна / Архитектура / Кралската академија на уметностите во Лондон ја претставува изложбата посветена на Херцог & Де Меурон

Кралската академија на уметностите во Лондон ја претставува изложбата посветена на Херцог & Де Меурон

Кралската академија на уметностите во Лондон ова лето ќе претстави изложба за швајцарската архитектонска фирма Herzog & de Meuron. Студиото е основано во 1978 година од страна на Жак Херцог и Пјер де Меурон и има обликувано многу градови низ светот со повторното откривање на природата и архитектурата.

1

Оваа изложба ќе се одржи од 14 август 2023 година до 15 октомври 2023 година и ќе биде прва во Лондон по речиси дваесет години. Изложбата има за цел да ги запознае посетителите во нивните размислувања и пристапите кои архитектите ги применувале при проектирањето и изведбата на нивните проекти.

7

Изложбата е можност да се доживее архитектурата на Herzog & de Meuron и контекстите што ја опкружуваат. Помеќу нивните изложени дела можат да се сретнат најразлични методи во процесот на работа, користени материјали и технологии.

8

Изложбата курирана со архитектите Херцог и де Меурон, меѓу изложените проекти, ги вројува: Тејт Модерн, Лондон (2000 и 2016 година); Танцовиот центар Лабан, Лондон (2003); Националниот стадион во Пекинг (Птичјо гнездо) (2008); Филхармонијата во Хамбург (2016); РЕХАБ Базел (2002 и 2020 година); М+, Хонг Конг (2021); Кралскиот колеџ за уметност, Лондон (2022); и Универзитетот- Kinderspital во Цирих, кој се очекува да биде завршен во 2024 година.

4

5

Изложбата за архитектите Херцог и де Меурон е организирана во три волумени кои ги истражуваат идеите и процесите во нивната архитектура. Првата партија, таканаречената H&dM Kabinett, е отворен простор за складирање и истражување каде што ќе бидат прикажани околу 400 предмети, од кои модели, материјали, отпечатоци, фотографии или краткометражни видеа, кои претставуваат разновиден, но специфичен опсег на проекти и шест одлични фотографски дела кои ја илустрираат важноста што архитектите и ја даваат на перспективата.

3

Вториот дел ќе содржи голем екран во центарот, на кој ќе се прикажуваат инсерти од реализацијата на проектот REHAB на H&dM за неврорехабилитација и параплегиологија во Базел, Швајцарија. Од другата страна на екранот пак, посетителите ќе имаат можност, да ја проследат инсталацијата базирана на набљудувања на луѓе кои окупираат и истражуваат различни студиски проекти.

2

Конечно, третата просторија ќе биде посветена на нивниот најнов проект кој моментално е во изградба, Универзитетот во Цирих, Швајцарија. Во овој простор посетителите ќе можат да се здобијат со искуства за работниот процес по фази, при спроведувањето од проектирање до реализација.

9 10

Испрати коментар

Scroll To Top