Ова е домот каде што до неодамна живеел Лоренс Херберт, основачот на познатиот Pantone, авторитет број еден во областа на идентификација на бои и трендови во боја. Така, оваа година тоа е „it“ виолетова нијанса , но од неа нема никаква трага во луксузно уредениот стан на Херберт, кој е ставен на продажба по цена од 39,5 милиони долари.
Се работи за прекрасно здание кое може да се пофали со шест спални соби, а во целиот ентериер доминира жолта боја, кадифе, мермер, дрво и позлата.
Станот има 39 прозорци, високи тавани украсени со штукатури, а целиот простор заводливо наликува на кралски двор. Во прашање е пентхаус во Менхетен, па на целиот ентериер му оди во прилог и фантастичниот поглед на овој мегаломански град.