Насловна / Екологија / Краков – град на смогот

Краков – град на смогот

smog
Краков во смог. Состојбата е толку лоша, што градот се искачи на трето место меѓу најзагадените градови во Европа. Во 150 денови од годината е пречекорена границата за концентрација на микро честички – катастрофа за луѓето што живеат овде.

„Веќе не би требало воопшто да излегуваме од дома, или само за кратко. Не треба да спортуваме, не треба длабоко да дишеме. Јас сум непушач, но со вдишување на воздухот во Краков е како секој ден да пушите седум цигари. Тоа се 2.500 цигари годишно – и за мене како непушач“, вели еколошката активистка Малгоржата Малохлеб.

Краков протестира. „Краковски аларм против смогот“ е граѓанска иницијатива основана минатата година, со мото „Сакаме воздух“. Нејзина цел е да врши притисок врз локалните политичари. Полска е целосно зависна од јаглен, од кого произведува до 90 проценти од потребната енергија. Од друга страна пак, во Краков 25 илјади домаќинства се греат со јаглен.

Неочекувано, протестите вродија со плод. Регионалното собрание во меѓувреме донесе решение за забрана за греење со јаглен во градот. Но, таа ќе биде во сила дури од 2018 година. Во Краков никој не знае дали е воопшто спроведлива.

Извор: Deutsche Welle

Испрати коментар

Scroll To Top