Насловна / Вести / Крај за проектот „Северен тек 2“ поради Навални?

Крај за проектот „Северен тек 2“ поради Навални?

Веднаш по потврдата дека рускиот лидер на опозицијата Алексеј Навални е отруен, се појавија гласини дека ќе се одговори со запирање на изградбата на гасоводот “Северен тек 2“. Но околу ова прашање нема единство дури ни во рамките на германската влада. Откако германските лекари недвосмислено потврдија дека Навални е отруен со нервен агенс од групата новичок, и откако во Берлин гласно се проговори дека најверојатно зад овој напад стои Кремљ, започна „конкурсот за идејата за санкции кон Русија“, пренесува DW. Притоа веднаш се наметна проектот „Северен тек 2“, зад кој во најголем дел стои руската државна компанија Гаспром, и со кој веќе од следната година би требало да се испорачува гас од едно пристаниште во близина нa Санккт Петерсбург, преку Балтикот да се испорачува природен гас до крајниот североисток на Германија, односно до пазарот на ЕУ.

NS2

Првиот  кој го споменал ова прашање е Норберт Ретген, од владејачката CDU, кој меѓу другото се споменува како потенцијален наследник на Меркел на чело на оваа партија. „Ако сега сепак го довршиме проектот на гасоводот „Северен тек 2“, тоа не само што ќе биде максимална поддршка и потврда за Путин да продолжи со ваквата политика, туку и награда за него“, рекол Ретген. На неговите барања се придружил и еден дел од опозицијата, истакнувајќи дека „режим кој организира убиства не би смеел да биде партнер за големи проекти“.

Во секој случај, ситуацијата не е едноставна. Самата Ангела Меркел досега го бранеше тој проект од нападите на Белата куќа. Имено, од доаѓањето на Трамп на власт, Вашингтон врши огромен притисок на сите страни кои учествуваат во овој проект. На крајот, тоа би значело и повеќе американски гас на пазарот на ЕУ.  Канцеларката не беше осамена во заложбите за проектот. Коалициониот партнер во владата, социјалдемократската партија, стои зад проектот од самиот почеток. Една од најважните личности во оваа руско – германска соработка, е поранешниот канцелар Герхард Шредер кој во 2016 година е поставен на чело на надзорниот одбор на Гаспром. Познато е дека тој е голем пријател со Владимир Путин. Всушност за опстаток на проектот кој е веќе 96% завршен, најжестоко се борат социјалдемократите од покраината каде гасоводот треба да влезе на германско тло.

New York Times изнесува интересна опција која на Меркел би и овозможила да го тргне притисокот од Вашингтон, односно да го запре проектот, а за сето тоа да ја обвини Москва. Сепак, во анализата на њујоршкиот весник се вели дека тоа најверојатно нема да се случи од повеќе причини. Првата е очигледно економска, поради зависноста од рускиот гас. Втората е политичка. И покрај сите моментални кризи, и Берлин и Брисел имаат интерес да не ги нарушат односите со Москва.

NS1

 

Испрати коментар

Scroll To Top