Насловна / Вести / Крај за најголемата неуредена депонија во Европа

Крај за најголемата неуредена депонија во Европа

Deponija-Vinca-Potpisivanje-ugovora

Со потпишувањето на Договорот за јавно приватно партнерство за депонијата во Винча, за Белград конечно ќе започне 21-виот век кога станува збор за управувањето со отпадот. Депонијата за комунален отпад во Винча постои од 1977 година, и во моментот е најголемата неуредена депонија во Европа. Се простира на 68 хектари, а длабочината на наталожениот отпад е дури 70 метри. На депонијата се одлагаат 2700 тони отпад секој ден и престатвува вистинска еколошка бомба на брегот на Дунав. Белградската индустрија годишно генерира 1,2 милиони тони хемиски материи и 15.000 тони отпад.

deponija-vinca

Градот Белград преку отворена постапка, а во соработка со Светска банка, доби партнер за Винча. Се работи за конзорциум кој е составен од француската компанија Suez и јапонската компанија Иточу, и вложување од 333 милиони евра.

deponija-vinca2

По 25 години сите погони и постројки на депонијата ќе останат во сопственост на Град Белград. Отпадот кој може да се рециклира ќе се третира во седумнаесет рециклажни области кој градот ќе ги изгради во секоја општина. На сегашната депонија ќе биде изградена постројка за производство на електрична и топлинска енергија, како и фабрика за рециклажа на градежниот отпад.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top