Глобалната индустрија на поморскиот превоз се подготвува за построги прописи за квалитетот на горивата, со што ќе се намали загадувањето на воздухот и морињата, но двојно ќе се зголемат трошоците за гориво. Имено, еден голем брод само во еден ден со емисиите на сулфурен диоксид ги надминува емисиите на сите нови возила на глобално ниво. Уделот на сулфурниот диоскид во горивото што масовно го трошат танкерите е 3.500 пати повисок од пропишаните европски стандарди за дизел горивата за автомобилите.
Одборот за заштита на морската околина при Меѓународната поморска организација, на конференцијата во Лондон одлучи на глобално ниво уделот на сулфур да се намали од сегашните 3,5% на 0,5% од јануари 2020. Користењето на дизел со ниска содржина на сулфур наместо мазут на супертанкерот би ги зголемиле трошоците за гориво за околу 44%.