Француското алпско скијалиште Alpe du Grand Serre, објави дека се завтора поради недостаток на средства за преуредување во целогодишна туристичка дестинација. Причините за затворањето се силно поврзани со климатските промени, односно намалувањето на снежните врнежи и скратената зимска сезона. Членовите на локалниот совет гласале за оваа одлука, бидејќи плаќањето на одржувањето станало премногу тешко. Поради таа одлука 200 луѓе ќе останат без работа, а силно ќе биде погодено и блиското село чија економија е зависна од зимските спортови.
Поради недостаток на снег, во минатите две години патеките покасно се отворале, а неретко сезоната прерано се завршувала. Од 2021 година, локалните власти издвојувале по 3 милиони евра со цел скијалиштето да остане отворено во текот на целата сезона, но тоа веќе станало неодржливо. Alpe du Grand Serre, на надморска височина од 1.368 метри, е највисоката скијачка станица на северните Алпи која ќе биде принудена да се затвори. Отворена е како зимско спортско одморалиште пред 85 години и е второ најстаро одморалиште во регионот со 55 километри долги патеки и три жичарници.