Насловна / Вести / Kовид-19 го намали загадувањето во Италија (видео)

Kовид-19 го намали загадувањето во Италија (видео)

Загадувањето на воздухот во Италија се намали откако владата нареди затворање на границите поради коронавирусот, покажале сателитските снимки објавени во петокот.

Примеетен е сначителен пад на емисија на азот-диоксид, штетен гас кој го емитуваат електрани, автомобили и фабрики ширум регионот Долина По на северот на Италија, се наведува во соопштението на Европската агенције за истражување на вселената (ЕСА), пренесува Ројтерс.

„Иако би можеле да постојат мали разлики во податоците поради облаците и промената на времето, уверени сме дека намалувањето на емисиите се поклопува со карантинот, кој го намали сообраќајот и индустриските активности“, изјавил директорот на агенцијата Коперникус Сентинел-5П.

На снимките кои ги објавила ЕСА, а кои се однесуваат на период од 1. јануари до 11. март, се гледа влијанието на азот-диоксидот, односно големиот пад на нивото на загаденост во последните десет дена над северна Италија.

Испрати коментар

Scroll To Top