Насловна / Вести / Костарика – држава која функционира исклучиво со обновлива енергија

Костарика – држава која функционира исклучиво со обновлива енергија

kosta rika

Костарика, држава во Централна Америка, е пионер во користењето на чиста обновлива енергија, со помош на која од почетокот на 2015 година ги обезбедува сите свои енергетски потреби, без ниту еден процент користење на други видови енергија. Овој своевиден подвиг е постигнат благодарение на обилните дождови, кои се заслужни за напојување на четирите хидроцентрали во првото тримесечје од годинава. Од декември 2014 година, ниедно фосилно гориво не е користено за производство на електрична енергија. Костарика е инаку позната како држава која ја застапува политиката за чиста енергија.kosta rika (2)

Малата земја, со помалку од пет милиони жители, направи голем исчекор во користењето на обновливата енергија. Минатата година, дури 80% од енергијата е произведена во хидроцентралите, додека геотермалната енергија имала удел од 10%, и тоа првенствено поради големиот број вулкани.

Нивите енергетски проекти се веќе во фаза на планирање, и се во целост во согласнот со оваа веќе трасирана енергетска политика. Владата на Костарика за овие проекти има обезбедено дури 958 милиони долари. Оваа сума ќе биде искористена за изградба на хидроцентрали, од кои секоја ќе може да произведе доволно енергија за напојување на 55 илјади домаќинства.

kosta rika (3)

На Светскиот економски форум, Костарика е прогласена за „вицешампион на Јужна Америка“, кога е во прашање електроенергетската и телекомуникациската инфраструктура. На првото место е Уругвај.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top