Насловна / Архитектура / „Косовски модернизам-архитектонски буквар“ од денес во Музеј на град Скопје

„Косовски модернизам-архитектонски буквар“ од денес во Музеј на град Скопје

Музеј на град Скопје, денес во 19 часот ќе ја претстави изложбата „Косовски модернизам-архитектонски буквар“ во соработка со двајца еминентни архитекти од Приштина, Косово,кои се воедно и авторите на изложбата, проф. Иљир Ѓиноли и Љуљзим Кабаши.

Преку 56 панели со архивски планови проследени со документарни фотографии од изведените објекти, претставени се најзначајните објекти од модерната архитектура во Косово.

MODERNIZMI_KOSOVAR_SHKUP_FB_cover1

Целта на изложбата за којашто е работено во текот на 2015 година, е привлекувањето на вниманието на културната и професионалната јавност во и надвор од Косово, кон културното наследство на косовскиот модернизам, како и да се нагласат достигнувањата на модерната архитектура во периодот помеѓу Втората Светска Војна и 90-тите години.

Целта на книгата која ја придружува изложбата, е да се претстават основните информации поврзани со наследството на модерната архитектура во една земја со цел да се олесни работата на идните иследувачи.

Изложбата ќе биде претставена пред јавноста до 30 овој месец.

Испрати коментар

Scroll To Top