Насловна / Вести / Косово воведува рестрикции на струја, поради високите цени на увозот и нестабилноста на мрежата

Косово воведува рестрикции на струја, поради високите цени на увозот и нестабилноста на мрежата

Косовскиот оператор на дистрибутивниот систем KEDS спроведува ротирачки рестрикции во испораката на електрична енергија од по два часа дневно, поради растот на потрошувачката, ниското ниво на домашно производство, високите цени на увозот и проблемите кои оваа нерамнотежа ги предизвикува во преносната мрежа. Двете тамошни електрани на јаглен во последно време имале дефекти, што дополнително придонело за тешката ситуација.

keds1

keds2

Последните рестирикции во Косово, граѓаните ги паметат пред десетина години. Косово слабо напредува во планирањето во енергетиката – изградбата на нова термоелектрана на јаглен Kosova e Re е откажана, а проектот за гасовод во моментот е суспендиран, па земјата сеуште нема снабдување со гас како енергент. Старите термоцентрали Kосово A и Косово B се во лоша состојба. Косово произведува дури 94,8% електрична енергија од јаглен, по што е втора земја на светот. Воведувањето на обновливи извори на енергија и енергетското планирање на нови капацитети се одвива бавно на целиот Западен Балкан. За тоа време, старите електрани на лигнит стануваат се понедоверливи.

keds3

Испрати коментар

Scroll To Top