Насловна / Вести / Косово: Ветерниот парк “Бајгора“ од 105 MW, во погон од април 2021

Косово: Ветерниот парк “Бајгора“ од 105 MW, во погон од април 2021

Во близина на Митровица се гради ветерниот парк „Бајгора“ со инсталирана моќност од 105MW. Според планот, тој треба да биде готов до април 2021 година. Проектот го финансираат ЕБОР и словенечната НЛБ банка, а турбините ги испорачува компанијата General Electric. Станува збор за вкупно 27 турбини GE 2.8-137. Овој проект го развива компанијата SoWi Kosovo, a вкупната вредност на инвестицијата е 165 милиони евра. Проектот е прогласен за стратешка инвестиција на Косово. Намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид како резултат на инвестицијата е проценето на 247.000 тони годишно. Животниот век на постројката е 25 години. Владата има за цел да го зголеми уделот на капацитетите за производство на електрична енергија од ветер на 25%, а во моментот овој проект овозможува удел од 10% во енергетскиот микс. Во исто време, во изградба е и ветерниот парк „Будаково“ со инсталирана моќност од 46 MW. Овој проект го развива компанијата Bondcom Energy Point.

bajgora1

bajgora2

Испрати коментар

Scroll To Top