Косовскиот оператор на преносниот систем KOSST потпиша договор за проширување на постоечката ветерна електрана „Китка“ со инсталирана моќност од 32,4 MW со дополнителни 20 MW. Според планот, вака надградената ветерна централа ќе започне со работа во 2022 година. Ветерната централа „Китка“, се наоѓа во општина Каменица, во источниот дел на Косово. Развиена е од страна на турската енергетска групација Güriş, а со работа започнала во 2018 година. Вредноста на проектот била 73 милиони евра.