Станува збор за покачување на цената на електричната енергија по kWh, за сите потрошувачи кои трошат повеќе од 600 kWh месечно, а од оваа одлука се изземени компаниите, кои без оглед на потрошената количина ќе имаат иста цена. На предлог на Регулаторната Канцеларија за енергетика, владата ја одобри оваа одлука, со која исто така се предвидува потрошувачите кои трошат над 800kWh да не бидат заштитени со мерките на владата која издвои 75 милиони евра за заштита на потрошувачите. „Субвенциите на владата ефективно влијаат на тоа тарифите за деловните потрошувачи да не се зголемуваат и да не се зголемуваат сметките на домаќинствата за потрошувачка до 600kWh. Најголем дел од домаќинствата во Косово месечно трошат околу 460kWh електрична енергија.