Во Косово системи за централно греење имаат три града – Приштина, Косовска Митровица и Ѓаковица. Но инфраструктурата е дотраена, технологијата е застарена, а честа е и појавата на дефекти. Владата во Приштина планира изработка на студија за проценка на потенцијалот за имплементирање на високоефикасна когенерација во системите за далечинско греење и ладење, со што ќе се пристапи кон декарбонизација и подбрување на енергетската ефикаснсот во овој сектор. Но, за тоа време општината Ѓаковица и градското претпријатие за централно греење самите презеле иницијатива. Имено, воведена е биомаса како гориво наместо екстра лесно масло, па со новата високоефикасна когенеративна постројка веќе се произведува и топлинска и електрична енергија. Проектот е реализиран со помош на европските фондови.
Првиот чекор во реазлизацијата на проектот била изработката на физибилити студијата, која Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија ја покрила со грант од 600.000 евра. Студијата е завршена во 2015 година. Заклучокот бил дека постројката терба да користи дрвна биомаса од остатоци од сечењето и обработката на дрво и отпадот од лозовите насади. За самата изградба на постројката ЕУ издвоила 15 милиони евра. Вкупниот капацитет за топлинска енергија е 15 MW, а за производство на електрична енергија 1,1 MW.
Покрај овој проект, од WBIF се добиени и средства за воведување на системи за далечинско греење од обновливи извори во осум градови во Косово. Се очекува да биде завршена до средината на 2023 година, по што ќе се бара финасирање од меѓународните финасиски институции.