Насловна / Вести / Косово ќе инсталира батерии од најмалку 150MW за складирање на електрична енергија

Косово ќе инсталира батерии од најмалку 150MW за складирање на електрична енергија

Властите во Приштина одобриле преговори за договор со американската развојна агенција Millennium Challenge Corporation (MCC), кој би требало да резултира во инсталирање на батерии за складирање на електрична енергија. Програмата на агенцијата MCC подразбира грант од 234 милиони долари за Косово, и се состои од два проекти: батериски систем со инсталиран капацитет од најмалку 150 MW, и унапредување на квалитетот на работната сила во енергетиката, првенствено низ поголема вклученост на жените.

battery1

Првиот проект, односно набавката и инсталирањето на батериите, ќе овозможи стабилизирање на фрекфенцијата ан електричната енергија, складирање на енергија во перодите кога потрошувачката е ниска, и поврзување на овој систем со соларните електрани, ветерните паркови и другите обновливи извори. Инаку, првично американската донација била планирана за изградба на гасовод од Грција, преку Македонија до Косово, но овој план бил напуштен во септември минатата година.

Arevon Asset Management Saticoy

 

Испрати коментар

Scroll To Top