Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и одобри на Агенцијата за финансии на Косово кредитна линија од 2 милиони евра за финансирање на вложувања во енергетска ефикасност во домаќинствата. Кредитите ќе бидат одобрувани на сопствениците на станбени единици за финансирање на мерки за енергетска ефикасност како што се термоизолација, енергетски ефикасна столарија, топлински пумпи и соларни колектори. Корисниците на кредитот ќе можат да добијат поврат на средствата во висина од 20% од вредноста ан инвестицијата, благодарение на средствата од ЕУ. Средствата се одобрени од кредитната линија за зелено финансирање (GEFF). Преку неа, ЕБОР ги подржува енергетски ефикасните проекти со кои се гради позелена и поодржлива економија. Вкупната вредност на средствата во рамките на GEFF за Западен Балкан е 135 милиони евра.