Ова игралиште за кошарка во Париз е редизајнирано пет пати, од 2009 година до последната реконструкција направена оваа година.
Во единствената соработка на модната марка Pigalle со Nike и агенцијата за дизајн Ill-Studio, кошаркарското игралиште „Duperre“ повторно е обоено во разни бои. Тесниот кошаркарски терен се наоѓа помеѓу две станбени згради во 9-от арондисман во Париз и стана своевидна кулиса за неконвенционални идеи.
Овој проект е поддржан од Nike, а предводен е од основачот на обожавателите на кошарката, Stephane Ashpool. Теренот е осмислен за да привлече деца од околината и да ги охрабри да се занимаваат со спорт. Како дел од најновите градежни работи, било отстранување на ѕидот, кој го криел игралиштето од минувачите на улицата Duperre. Ѕидот е заменет со низок ѕид и жица, така што минувачите сега може да видат што се случува внатре.
Кошаркарското игралиште „Pigalle Duperre“, традиционално е претставен во тандем со новата Nike Pigalle Converse колекција, чии бои се исти со палетата на бои на теренот.
На Инстаграмот на Ashpool и Ill-Studio пишува: „Од нас до младите. Ново поглавие. Нови правила “.
Во септември 2019. година, проектот се проширил на Пекинг, каде е изградено ново кошаркарско игралиште „Pigalle Nike“ за „девојчињата и момчињата“ на кинеската престолнина, а направено од „Nike Grind“ – материјал направен од рециклирани патики и индустриски отпад. После тоа се отворени уште два терена во Мексико Сити во декември, во Gimnasio Olimpico Juan de la Barrera, поранешниот олимписки терен и дом на кошаркарскиот тим Capitanes de Ciudad de Mexico.
Мексико Сити
Пекинг
Stephane Ashpool влегол во модната индустрија во 2002. година кога, заедно со својата мајка ја основал креативната агенција Vida9, која работела за Rick Ovens, Gareth Pugh, Christian Dior и Nikе. Искуството на Ashpool со Vida9 му овозможило да отвори во 2008 година дизајнерска продавница наречена „Pigalle“.
Stephane Ashpool
Оваа продавница исто така продава дела и од други дизајнери покрај сопствените колекции на Ashpool. Името го добила по „најозлогласениот“ кварт во Париз. Сместена е на улицата Rue Henri Monnier, токму спроти кошаркарските терени на кои Ashpool играл како тинејџер. Дизајнерот сега тренира млад тим на теренот и создаде линија инспирирана од кошарка.