Насловна / Архитектура / Кошарка на ОИ Париз 2024 се игра во арената Pierre Mauroy во Лил

Кошарка на ОИ Париз 2024 се игра во арената Pierre Mauroy во Лил

Кошарката на Летните олимписки игри 2024 се одржува во период помеѓу 27. јули и 11. август 2024. Турнирите во кошарка за мажи и за жени на Летните олимписки игри 2024 се 21-ви по ред олимписки турнир во овој спорт.

Учествуваат вкупно 12 репрезентации во машка и женска конкуренција поделени во три групи од по четири екипи.

Групните (прелиминарните) фази се играат на Stade Pierre Mauroy во Лил, додека натпреварите од елиминационата фаза ќе се одржуваат во Accor Arena во Париз, првобитно позната како Palais Omnisports de Paris-Bercy.

Во периодот 2009-2012 година, проект за јавно-приватно партнерство во Лил донесе нов стадион во градот. Тоа е Stade Pierre Mauroy, сместен на Boulevard de Tournai, местото каде се одигруваат натпреварите во кошарка на ОИ Париз 2024. Двораната со 50.000 седишта делумно е финансирана од нејзиниот изведувач, Eiffage, кој за возврат ќе добива делумни приходи до 2043 година. Првично наречена Grand Stade Lille Métropole, арената требало да добие спонзорирано име како дел од приливот на приходи.

Во јуни 2013 година донесена е одлука стадионот да се преименува во чест на Pierre Mauroy, поранешен премиер и градоначалник на Лил.

Stade Pierre Mauroy е проект на водечките француски бироа на Valode&Pistre со седиште во Париз и филијали во Москва и Пекинг и Atelier Farret. Масивната елиптична фасада е покриена со LED-осветлени цевки кои и овозможуваат да свети ноќе. Преслечена со 2046 квадратни метри IMAGIC WEAVE, проѕирна медијска фасада, една од фасадите на арената е навистина џиновски екран со два помали инсталирани во него за да се овозможи подетален приказ на големата проекција. Фасадата е производ на компанијата HAVER & BOECKER. Постојат три различни области со различна резолуција, од кои секоја обезбедува оптимален услов за репродукција на потребните медиуми.

Избраниот тип на ткаење DOGLA-TRIO 1030 на фасадата не е само функционален туку и естетски привлечен. Во текот на денот, полутранспарентната површина на жичаната мрежа од нерѓосувачки челик создава елегантно блескав изглед на сонце. Ткаената жичана мрежа практично не бара одржување, лесно се чисти, не е запалива и нуди и заштита од сонце. Истовремено, поради отворената површина на мрежата, се одржува потребната вентилација до скалите и ВИП-областа.

Внатрешноста има трибини поделени на три нивоа од кои средната е наменета исклучиво за навивачите. Игралиштето е многу иновативно благодарение на полувовлекувачкиот терен, кој досега не е користен на ниту еден стадион. Системот овозможува еден дел од теренот да го прекрива другиот со помош на масивни шини и открива уште едно ниво на седење, овој пат околу помал терен за кошарка/одбојка/тенис.

Заедно со застор што го дели стадионот на половини и првиот француски подвижен кров, стадионот може да стане затворена арена за концерти и спортски настани, при што игралиштето останува недопрено во „затворениот“ дел од стадионот.

Трошоците за стадионот изнесувале 282 милиони евра за изградба, а дополнителни 42 милиони евра за околните паркинзи, конференциски и хотелски делови од комплексот. Градот Лил потрошил речиси 300 милиони евра за комуникација до местото на настанот.

Главниот закупец е Lille OSC, најголемиот фудбалски клуб во градот. Сепак, поради повеќекратните карактеристики на овој стадион може да биде домаќин на многу повеќе настани, исто така и неспортски. Во 2016 година се играа натпревари на Европското фудбалско првенство, кога Франција беше домаќин на турнирот.

Испрати коментар

Scroll To Top